Напрајв романтична вечера за двајца. Да не морам да готвам и утре.

Избор од дваесетина брилијантни, хумористични статуси од Фејсбук профилот на М-р Моџо Килингтон кои балансираат на границата меѓу црниот хумор и афоризмот.
mojo1
(илустрација: Дајен Хан)

Има две годишни времиња:
Време на депресија и меланхолија.
Време на неоснован оптимизам.

Знаеш дека си зависник од порно ко ќе фатиш женска и то ти го уништува сексуалниот живот.

Оти во никој град нема улица Љубов? Сѐ само улици по некои крвопии од минатото шо никој не треба да ги памти…

Логиката на некои луѓе треба да се вика ЛОЛика.

Ко ќе видам графит „СМRT ЗА ШИPTARИ“ то го сфаќам појќе ко навреда за македонскиот образовен систем отколку за Албанците.

Вечерва напрајв романтична вечера за двајца. Да не морам да готвам и утре.

Ко ќе постираат три пријатели песна од еден пејач, одма барам на Гугл да не умрел.

Во Ливерпул аеродромот се вика Џон Ленон, во Бирмингем сакаат да го крстат Ози Озборн. Јас мислам дека новиот аеродром шо ќе се гради во Битола треба да се вика Анета и група Молика.

Шо е Симон Трпчевски на клавир, то сум јас на банкомат.

Субвенциите за истражувачка дејност ги дадоа првите плодови.Нашите истражувачи открија дека според должината на пенисот лесно се одредува полот на личноста.

Грдите луѓе прават деца само за да докажат дека некогаш имале секс.

Вчера организирав тројка. Две не се појавија, ама јас сепак убо си поминав.

mojo
(илустрација: Дајен Хан)

Неколку луѓе ми имаат речено дека ме мразат ко ќе сум пијан, ама не им се лутам зато шо сме еднакви. И јас ги мразам нив ко ќе сум трезен.

Универзумот ги слуша вашите желби. Само не му е гајле.

Комшија, толку да бушеше в земја колку шо бушиш секој ден по ѕидови, нафта досега ќе имаше најдено!

Најглупо е ко ќе ти речат: „Не би спиела со тебе па да сме сами на земјата“. Да сме сами на земјата, никој нема да те праша.

Сакам да има светски ден на нетолеранцијата затоа што од толеранција кон секакви глупости стигнавме овде.

Ако не ме убијат цигарите, ќе ме убијат муабетите за то колку се штетни.

Место да правиме тениски игралишта, можиме на дупките на патиштата да ставиме по едно знаменце и бројка и да го прогласиме голфот ко национален спорт.

200.000 Македонци се депресивни. Другите 1.800.000 не учествуваа во истражувањето.

Телефонот го викам Сајлент Боб пошто никој не ми ѕвони.

Побрзо ќе добијам менструација отколку работа.

Ко бев мал не ги разбирав девојчињата и сега ко пораснав се то се смени.Сега не ги разбирам жените.

Оглас:

Сакаш работа од која ќе заработуваш преку 2000 евра месечно?
Сакаш работа со која ќе патуваш низ светот по ексклузивни хотели и ќе запознаваш интересни луѓе?
Сакаш работа која ќе те направи ѕвезда?
Сѐ е то супер, ама нас ни треба само возач на камион низ источна Европа.

На луѓето шо нејќам да ги видам им кажвам дека барам жирант.

Напишано од
More from РЕПЕР
Дивата страна на Чикаго
Запознајте го преку фотографии еден од најголемите природонаучни музеи во светот...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *