Ние не сме за смеа, туку за потсмев!

Ефтим Гашев е роден во Скопје во 1925 година, каде и денес „аритмично живурка како пензионер, со здравствената книшка под мишка.“

Ефтин-Гашев---смеа

Ние не сме за смеа, туку за потсмев!

Книгата му е голем пријател! Книшката – уште поголем!

Секое засадено дрвце е перспективен трупец!

И по селата факултети! Блазе си им на овчарите.

Не ги сечете гранките! Ќе нема човек кај да се обеси!

Ни се качија на глава за да не ги видиме.

Додека едните умираат за татковината, другите умираат за власт.

Некои партиски војничиња станаа генералчиња.

За нас и јадицата е спасоносна сламка.

Изборите се фестивал на шарените лаги.

Со голи пиштоли не се крева револуција.

Кој вели дека на другите планети нема живот? Па, ние сме паднати од Марс!

Симболите срп и чекан ги заменивме со лопати и ножици.

На изборите го дадовме гласот! Сега си го чешаме газот!

Кога ебиветер става камен-темелник, му никнува ветерница.

Ќе градиме уште цркви! Светци и питачи се намножија!

Некогаш се судеше во името на народот. Денес во името на малограѓаните.

Го ликвидиравме едноумието. Станавме безумие!

Светот полуде! Среќа што не сме дел од светот!

Полицијата е јавен сервис за тајно сервисирање на граѓаните!

Некогаш на исповед се одеше кај попот. Денес во комитетот.

Освен градоначалници имаме и градосопственици.

Во братоубиствена војна братски гинеме.

Измисливме непријатели за да има победници.

Ние сме небесен народ. Ни лета умот.

Ефтим ГашевЕфтим Гашев е роден во Скопје во 1925 година, каде и денес „аритмично живурка како пензионер, со здравствената книшка под мишка.“ Образованието го завршил во родниот град. Пишува афоризми и необјавена поезија. Во 1945 г. бил осуден на 12 години робија како македонист. Објавил затворски мемоари и три книги со афоризми. Напишал и неколку необјавени монодрами. Добитник е на неколку награди за афоризам. Објавувал и дневнополитички карикатури. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Изборот афоризми со кои го претставуваме овде е земен од неговата книга „Сончогледи“, издадена 2011 година.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Кога не држам камера, ја земам штицата за сурфање
Јас не сум многу комплициран, но морам да ги почувствувам страста во...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *