Носталгично и меланхолично преиспитување на човечкиот живот во поезијата на Љерка Тот Наумова

ljerka

Кон стихоѕбирката Немир кој немаше име ( Nemir koji nije imao ime)

 Љерка Тот Наумова е една зрела поетеса,која слободно владее со својот талент претопувајќи ја целата животна филозофија во поетски израз.Нејзиниот поетски јазик и доминантните расположенија се потпираат на нјадобрите места во традицијата на хрватската поезија, на онаа која би можела да се вброи во редот на поетските светилници , како што беа великаните на поетската поезија: Крањчевиќ,Ујевиќ, Михалиќ.Она што претставува женска нота на тој вид поезија е- заобиколувањето на некои фундаментални прашања , кои нејзините претходници ги концентрираа околу поимите  на егзистенција , за апсалутната смисла и постоење на Господ Бог.Оваа поезија на прецизен израз и економична артикулација, не се расфрла со пресилни зборови ; сликата ја користи како стегнат израз , како апстрактивна врска на поимите, која ја воочува парадоксалноста ,бессмислата и  неподмитливата преодност, и тоа првествено кај постоечките фрагменти.Човековата егзистенција како целина, како општ поим, воопшто не е во прашање.Причината е во тоа што зад матријалното , зад појмовното, не само што се насетува, туку и се дефинира метафизичката димензија.

Љерка Тот Наумова не ја преиспитува религиозноста, таа тука е присутна како нишка од верата, а таа вера всушност , е својственост на нејзиниот свет и на човекот. Но, конзистентноста на тој поетски свет не гарантира ведрина.Поетесата, како битно својство на човекот, го чувствува ранливиот сензибилитет и аналитичката свест која, соочена со недостижноста на крајната смисла во рамките на секојдневието , на смислата во рамките на материјалнито постоење , го враќа посматрачот кон неговата излезна точка на носталгија , како темелно доживување , и на светот, и на поезијата.

Носталгијата  ги обвива спомените, го допира изгубениот детски и младешки свет, родниот крај, но и она недофатливото, она што може да се претчувствува и да се сака , она што е надвор од човекот и во човекот , а би било идеално да може да се изрази со молчење,кое е своевиден недофатлив идеал, кој, исто така, ја разбранува носталгијата.

Оваа поезија, на тоа ниво , се ослободува од визуелното, на нивото на  зборови и реченици, и опипливото.Единствено звуците  се нејзините конкретни потпирачи, а поимите кои можат да се сфатат како делови од искинати слики, како  молња, сонце, темница,празни куќи,хоризонт или облак, тие првенствено имаат тежина на посредник на смислата ,речеси договорени симболи , како што е во позијата  на  родоначалникот  на слободниот стих Валт Витман (Walt Whitmann).

Значењето на тие симболи , на првото ниво на рецепирање можеме да ги држиме  како препознатливи , во најмала рака, како наслутувани , но сложените значења скриени зад  таквите поими се  разоткриваат со енергија на  поетските целини.Среќна околност е што тоа разоткривање никогаш не е довршено; тука нема некои едноставни смисловни клучеви, па таа мерка на недостижност , на оваа поезија и дава посебна вредност.

Со своето  носталгично и меланхолично преиспитување на човечкиот живот  како целина , од детството па до смртта,  поетесата и покрај наметнувачките темни тонови на  својата визура , не го одбира песимизмот. Споменатата вера претставува цврста потпора ; доволно е таа да се повика, да се артикулира, да се искаже.Не затварајќи ги очите пред сложениот живот , понекогаш апсурден,понекогаш обесхрабрувачки – оваа поезија , без колебање, насочена е кон она што не е во прашање , она што се вредности над нас и над се: вистината, љубовта.

Во оваа изразито рефлексивна поезија се е   Господ Бог , и совладувањето на сите беспаќа вреди онолку колку што се приближуваме кон врвот и вечното.Сосема во христијански дух, излегува, дека животот во најголема мерка е подготовка, време на етичко преиспитување кое престанува со смртта , но, смрта , сепак не е крај.

( Превод од хрватски на македонски јазик  : Славка Арсова)

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
За уметноста што молчeливо зборува
Во делото оставено е толку многу или толку малку време и простор...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *