![Бернардо Карваљо](https://reper.net.mk/wp-content/uploads/2017/11/Biografii-Bernardo-Karvaljo.jpg)
Бернардо Карваљо
Бернардо Карваљо (роден 1960) е бразилски писател и новинар. Бил уредник на книжевен прилог, како и дописник од Париз и Њујорк за бразилскиот дневен весник „Fohla de S. Paulo“. Автор е на 12 романи преведени на повеќе јазици. Добитник е на неколку значајни книжевни награди.