Антолог

КНИГИ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ


АНТОЛОГ
– Скопје е книгоиздателство основано во 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Никола Кујунџиски.

Првите години се занимава исклучиво со издавачките потфати на трите генерации писатели во семејството Кујунџиски, како и со колаборативни проекти – приредување капитални антологии, кои сè уште се активни.

На средината од првата деценија на XXI век, АНТОЛОГ својот интерес го проширува кон сите класични и современи автори од Македонија и од странство, публикувајќи врвни дела од домашната и од светската книжевност – литература за деца и возрасни, драми, хумор и сатира, антологии, поезија, итн.

Профилирајќи се како издавачка куќа што ги следи националните интереси и модерните интернационални трендови, се грижиме да создаме навика за исклучиво вредни книги, како од страна на помладите, така и од страна на возрасните читатели, олицетворувајќи го слоганот Книги за сите генерации.

АНТОЛОГ преку своите досегашни седумнаесет едиции (Вестибул, Бранови, Бесмртни мисли, Смевотека, Дамар, Моите први книги, Синчец, Огнови, Целулид, Цреша, А, Библиотека за деца, Скрши нога, Мозаик, Громови, N.B., Политикон) и понатаму ќе продолжи да ги пренесува меѓу корици најубавите дела од светот на литературата, но и од другите области на пишаната мисла, притоа откривајќи и нови авторски гласови.

Надградувајќи ги своите пркосни чекори во сферата на книжевното издаваштво во Република Македонија, и понатаму наша главна одлика ќе биде грижата за квалитетот пред квантитетот.

Носечки проектantolog-logo

1). Антологии; Антологија на народни поговорки, пословици, сентенции и изреки од целиот свет; Антологија на изреки, афоризми, крилатици, максими, мудри, поучни и духовити мисли од познати и непознати личности од светот; Антологија на изреки, афоризми, максими, мудри, поучни и духовити мисли од Македонија; Антологија на најубавите љубовни писма; Антологија на молдавската литература за деца; Антологија на најважните говори се досега реализираните проекти.

2). За изострен ум; Со акцент на едицијата „Бранови“ и со електронскиот неделник Репер (www.reper.net.mk), списание за креација и рекреација – промовирање естетски мерила и креирање проактивен и позитивен однос во сферата на уметноста и на креативноста во Република Македонија.

3). Сакам книга од Александар Кујунџиски на сите јазици на етничките групи кои се присутни на територијата на мултикултурна Република Македонија; Досега објавена на: македонски, албански, српски, турски, ромски, влашки, босански/бошњачки, словенечки, хрватски, германски и црногорски јазик.

4). Поддршка на млади автори; Обединување под еден креативен чадор на сите млади и модерни автори како дел од Млади гласни гласови на АНТОЛОГ.

0 replies on “Антолог”