![Јелена Лужина](https://reper.net.mk/wp-content/uploads/2022/09/1462869_701746626534752_775392901_n.jpg)
Јелена Лужина
Јелена Лужина (1950, Дубровник), театролог, редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што ги предава предметите Македонска драма и театар и Теорија и методологија на театролошките истражувања. Втемелувач е на Институтот за театрологија при ФДУ, чиишто истражувачки тимови реализирале повеќе капитални научни проекти. Четириесет години континуирано објавува театролошки, книжевно-теориски и есеистички текстови, создавајќи исклучително обемна авторска библиографија пишувана на повеќе јазици.