Инспирацијата на песните од оваа збирка извира од неограничениот простор на слободата која вообичаено се препознава во форма на игра, играта со звуци, зборови, стихови и слики – од митски до историски и религиски.
Хармс е познат и по чудната смисла за хумор и особено по необичниот стил на облекување. Не сум забележала дека Жарко Кујунџиски необично се облекува, ама ептен необично ги преоблекува своите стихови. Тие постојано се чувствуваат стеснето доколку не им даде можност да се преоблечат низ метафори позајмени од филмот…
Разочарана од игнорантноста на мештаните, слепилото со кое тие ја прекриваат одговорноста, Јанина поставува прашања што ја надминуваат проблематиката на локалното. Зошто тој живот, прашува Душејко, е ништожен во споредба со човечкиот?
Ако нѐ води мислата на Жан Пол Сартр дека „Зборовите се наполнет пиштол“, тогаш приказните што ги раскажува Бајлозова-Барламова, се пиштол што може да ти ја разнесе и мислата и душата. „Ако си осамен кога си сам, тогаш си во лошо друштво.“, вели Сартр. А во какво друштво се ликовите од збирката „Облогот“?
Договорот на Коцевски е повеќеслоен. Веднаш штом ја прочитав, му се јавив и не можев да се сопрам да зборувам, како е тоа негово најдобро дело, колку е видливо дека исклучително се вложил во него и колку е убаво да се чита во еден здив, но и бавно, со вечерното какао, секој како милува.
Велат, поетите умеат / да насликаат со збор / Но ветерот како да им ги носи / тие слики / Потајно во езерската широчина / Почнува да ги снемува одново / И тогаш, надоаѓа само тишината.
Сркнувам од моето млеко без цимет и без шеќер. Личи на една од оние влакнести ноќни пеперуги со шарени, мали задни крилца под нивните сиви крилја. Уште голтка-две, па ја исклучувам ламбата. Мрачната форма лета и се удира.