Боби откачува на пиво!

Пред неколку месеци, разгледувајќи ги содржините на македонската блогосфера, наидов на еден многу интересен блог кој веднаш влезе во мојата листа на десет најчитани блогови.

Пред неколку месеци, разгледувајќи ги содржините на македонската блогосфера, наидов на еден многу интересен блог кој веднаш влезе во мојата листа на десет најчитани блогови.  Блогот е посветен на еден од најконсумираните пијалаци во светот – пивото.

pivo
(фото: преземени од блогот)

Авторот на овој блог (насловен „Пиво по пиво, ПИВСКИ СТОМАК!“) за себе вели дека се вика Боби и дека откачува на пиво. Во суштина, блогот функционира на следниов начин – авторот ги претставува пивата коишто ги вкусил со слика и со мал коментар под истата. Во коментарот тој ги опишува нивните карактеристики, дава оценка за самото пиво, ни дава основни податоци за истото. Повремено објавува гостински коментари за одредени пива кои не можат да се најдат во нашата земја. Се разбира, кога блогот би објавувал само фотографии од пива веројатно би ни здодеал по некое време, но авторот нашол начин како да ја разбие таа едноличност – одвреме-навреме објавува вицови, илустрации, инфографикони, хумор и други нешта кои се поврзани со пивото и пивопијството.

На ова место ќе најдете многу корисни информации, посебно ако сте голем љубител на овој пијалак. Не се мислете многу, земете студено пивце во рака и посветете неколку минути од вашиот живот во откривањето еден нов свет на пивата. Адресата на блогот е pivskistomak.tumblr.com.

Ѓ. К.

Напишано од
More from РЕПЕР
Што може (или треба) македонската современа книжевна сцена да научи од јужноафриканскиот автор Џон М. Куци?
Текстот е составен и ревидиран од извадоци од дипломскиот труд на авторот...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *