Сашо Димоски
Сашо Димоски (Охрид, 1985, доктор по драмски уметности на ФДУ, УКИМ, Скопје) е македонски писател, драмски уметник и универзитетски професор. Неговото портфорлио, реализирано во книжевноста, драмата и балетот, обединува преку шеесет наслови. Автор е на прозите: „Дневникот на Хулиганот“, „Алма Малер“, „Петтото годишно време“, „Заспаните убавици“ и „Толку темно“. Ги потпишува книгите собрани авторски драми „Ние, Другите“ и „Текстови за сценска изведба“, книгата театролошки студии „8/4“, а ја приредил тритомната хрестоматија „Нова античка драма“. Автор е на поетската збирка „Музеј на заборавот“. Преведен е на англиски, српски, бугарски, албански, унгарски, корејски и казашки јазик, а негови раскази, драми, поетски избори, есеи и театролошки студии се дел од различни хрестоматии и списанија дома и во странство. Покрај македонските продукции во драмата и балетот, соработувал со значајни театарски куќи во Р. Србија, Р. Словенија, Р. Бугарија, Р. Хрватска, Унгарија, Ј. Кореја, Р. Полска, Р. Казахстан, потпишувајќи преку четириесет продукции како драматург и автор на текст, соработувајќи со исклучителни режисери, кореографи и ансамбли. Се издвојуваат праизведбите: „Дневникот на Хулиганот“ (режија: Васил Зафирчев, МОБ, Скопје), „Алма Малер“ (режија: Васил Зафирчев, МНТ, Скопје), „Федра“ (режија: Александар Ивановски, НТ Џинот, Велес/МГЛ, Љубљана), „Медеја“ (режија: Ненад Витанов, ИФАД Стоби, Велес, меѓународна копродукција), „Ана Комнена“ (режија: Ненад Витанов, НТ Џинот, Велес), „Госпоѓиците од Авињон“ (режија: Ненад Витанов, МНТ/кореографија: Олга Панго, НОБ, балетско либрето), „Петтото годишно време“ (режија: Васил Зафирчев, НТ Џинот, Велес), „Парламентарки“ (режија Ненад Витанов, НТ Охрид/НТ Ниш), „Кралските копилиња“ (авторски проект, НТ Џинот, Велес), „Црвената соба“ (кореографија: Игор Киров, балетско либрето, МОБ), „Уберманш“ (режија: Васил Зафирчев, Драмски театар Варна, Р. Бугарија), „Херои 04:33“ (режија: Деан Дамјановским театарска инсталација, НТ Џинот, Велес), „Петофи во Ченгер“ (коавторски проект со Васил Зафирчев, ЧАК! Фестовал, Ченгер, Р. Унгарија), „Без судбина“ (коавторски проект со Васил Зафирчев, Чак! Ченгер, Унгарија), „Војна и мир: приказната на Електра“ (режија: Дејан Пројковски, Национален театарски фестивал на Јужна Кореја, Инчеон), Алма Малер (режија: Дејан Пројковски, Драмски театар Варна, Р. Бугарија), Електра (режија: Куандик Касимов, Градски театар Шимкент, Казахстан) и други. Ги потпишува драматургиите на претставите „Дервишот и смртта“ (кореографија: Игор Киров, балетска драматургија, ХНК Сплит) Р. Хрватска), „Декамерон“ (режија: Дејан Пројковски, соработник, НТ Ниш/Град театар Будва), „Инферно“ (режија: Дејан Пројковски, НТ Џинот, Велес) „Едвард Втори“ (режија: Андриј Жолдак, НТ Џинот, Велес), „Собирачи на пердуви“ (режија: Дејан Пројковски, Српско Народно Позориште, Нови Сад), „Демони“ (режија Дејан Пројковски, Народен театар Дебрецен, Унгарија), „Рацин“ (режија: Дејан Пројковски НТ Џинот, Велес), „Госпоѓа Бовари“ (режија: Дејан Пројковски, Народен театар Битола) и други, претставени и наградени на преку педесет фестивали дома и во Р. Србија, Р. Бугарија, Р. Хрватска, Р. Црн Гора, Р. Албанија, Р. БиХ, Унгарија, Р. Ј. Кореа, Р. Романија и други. Добитник е на значајни награди и признанија, меѓу кои од личните: „Рациново признание“ за романот „Петтото годишно време“, признание за нова европска драма „Еуродрам“ за драмскиот текст „Помеѓу змејот и неговиот бес“, Министерството за култура на Р. Македонија конкурсно го откупило неговиот текст „Госпоѓиците од Авињон“; поетска награда „Антево перо“ за „Музеј на заборавот“, Признание за меѓународно влијание на театарската асоцијација на Ј. Кореја, Признание за меѓународно влијание на ИТФ Коломбо, Шри Ланка, а од колективните - награда за претстава на сезоната 2024 за Демони, Национален театар Дебрецен, Награда за современ сценски израз на ИФАД Стоби за „Кралските копилиња“, Награда за најдобра камерна претстава за „Шумата на моето дрво“ на Интернационалниот фестивал Бабел, Трговиште, Романија, Награда за најдобра претстава на фестивалот „Театар во тврдината“, Смедерево за „Собирачи на пердуви“, АСКЕЕР за најдобра претстава „Без крв“ и други. За својата работа во книжевноста и театарот како млад уметник во 2020 добитник е признанието „Успешни млади“, кое го доделува Претседателот на Р. С. Македонија. Од 2014 е вработен како драматург на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес, а од 2020 до 2024 бил негов директор и селектор на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Од 2020 е професор на Унверзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје, Р. С. Македонија, каде предава „Историја и теорија на светската драма и театар“. Од 2026 е избран за селектор на Интернационалниот театарски фестивал Коломбо, Шри Ланка.
