Ели Пујовска
Ели Пујовска, родена 1971 година, е професионален преведувач на книжевни дела од холандски и фламански јазик со над деведесет преведени дела на македонски јазик, меѓу кои се вбројуваат писатели како Коуперус, Де Ком, Спиноза, Херман Кох, Грунберг, Сеис Нотебом и многу други. Пујовска е и уредник во Издавачката куќа АНКХ, со повеќе од петнаесетгодишно професионално искуство како акредитиран преведувач во холандската фондација за книжевност Nederlands Letterenfonds. Добитник на наградата Златно перо за најдобар превод на годината за книгата Розата и вепарот од Ане Провоуст - дело инспирирано од оригиналната верзија на „Убавицата и ѕверот“ на Џанфреско Страпарола од 16 век, базирана според книга од француската авторка Жан-Мари Лепренс де Бомон, објавена во 1756 година. Член на комисијата ВАВИЛОН – награда за најдобар млад преведувач (2018) и учесник како ментор во студентската резиденција за книжевен превод (2026). Номинирана за наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик (2025, 2026). Како и учесник во голем број на проекти за книжевен превод реализирани со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
