Александра Јуруковска
Александра Јуруковска е родена во 1981 година во Скопје. Работи како новинар во повеќе медиуми (www.cooltura.mk, Студент ФМ, Наша ТВ, Македонско радио-Радио Скопје). Магистрирала на тема за интердисциплинарните односи меѓу литературата имедиумите на Универзитетот„Свети Кирил и методиј“ во Скопје. Пишува литературна критика за дневниот весник „Дневник“. Автор е на книгата со книжевна критика „Ткаење на текстот“ (Силсонс, Скопје, 2014).
За посебната линија на несоницата: За „Несоници“ од Ерол Туфан
Во ерата во која живееме, кога секоја информација е лесно достапна информација на само еден клик, но испразнета од знаење, „Несониците“ на Ерол Туфан се и мотивирачки и предупредувачки, бидејќи одбираат и потсетуваат на многу мудри мисли од големи умови: Еден ден секој/ Макар и за 15 минути ќе стане славен (Енди Ворхол).
