• Насловна
  • Репер е…
  • Антолог
    • За нас
    • Тим
    • Едиции
    • Основач
  • Архива
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
reper.net.mk - СКОПЈЕ, ГОДИНА XVIII, БРОЈ БРОЈ 187 - 188, ЈУЛИ - АВГУСТ, 2026 СКОПЈЕ, ГОДИНА XVIII, БРОЈ БРОЈ 187 – 188, ЈУЛИ – АВГУСТ, 2026
  • Поезија
  • Расказ
  • Есеј
  • Kнига на месецот
Игор Радев

Игор Радев

Игор Радев е македонски синолог, автор и книжевен преведувач. Дипломирал во 2003 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за класични студии. Во периодот од 2006 до 2010 година престојувал на постдипломски студии на Нормалниот универзитет на Централна Кина во Вухан, каде што се стекнал со магистерска титула по лингвистика и применета лингвистика. Докторските студии ги завршил на Пекиншкиот нормален универзитет, во класата на проф. Ванг Нинг, каде што во 2018 година ја одбранил докторската дисертација од областа на кинеската филологија. Има објавено повеќе од дваесет книги, меѓу кои преводи на класичната кинеска литература – од ремек-дела на древната книжевност и класичната поезија, па сè до современата кинеска поезија – како и трактати од областа на синологијата и теоретски трудови посветени на граматологијата. Меѓу неговите најзначајни преведувачки и авторски остварувања се: „Книга за Патот и неговата Крепост“ од Лао Це (Скопје, 2012), „Изреченијата“ со „Великото учење“ и „Учењето за средишноста“ на Конфуциј (Скопје, 2013), „Антологија на класичната кинеска поезија“ (Скопје, 2014), „Книга на записите“ (Скопје, 2016), „Кинеска клучалка: Збирка синолошки есеи“ (Скопје, 2017), „Менциј“ (Скопје, 2019), „Книга на песните“ (на српски јазик; Белград, 2019), „Собрани песни“ од Ли Ќингџао (Скопје, 2019), „Избрани песни“ од Су Ши (Скопје, 2021), „Типологија на писмото“ (Скопје, 2022), „Од две страни сонце грее: Современа кинеска и македонска поезија“ (уредник; Гуангџоу, 2025), „Шји Чуан: Безначајни песни“ (Струга, 2026), „Теорија на писмото: типови, структура и промена“ (Пекинг, 2026) и други. Во периодот од 2013 до 2018 година учествувал во Преведувачкиот проект на македонската литература на светски јазици на Министерството за култура на Македонија, преведувајќи на кинески јазик антологии на современиот македонски роман, расказ, драма, есеј, детска литература и поезија.

Поезија, Препев09/10/2026<09/10/2026

Избор поезија од „Безначајни песни“ – Шји Чуан

Игор Радев е номиниран за наградата „Драги“ – 2026, со препевот од кинески јазик на „Безначајни песни“ од Шји Чуан, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година.

Повеќе
Ad

Поддржано од:

Ad
© Antolog 2008 / Сите права се задржани
Горе
  • Поезија
  • Расказ
  • Есеј
  • Kнига на месецот
  • Насловна
  • Репер е…
  • Антолог
    • За нас
    • Тим
    • Едиции
    • Основач
  • Архива
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт