„Мајсторот и Маргарита“ – историја на љубов, страдања, (не)постоење

Се случи и тоа, едно вонвременско дело да биде поставено на репертоарот на Македонскиот народен театар – „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков во режија на Иван Поповски. Истото ги оправдува и најголемите уметнички очекувања и ги проширува естетските граници во рамките на нашите театарски прилики.