За романот „Деца на злото“

Додека го читаме романот Деца на злото на Миодраг Мајиќ, во него препознаваме, како и во сите добри крими-романи, зошто овој жанр го привлекува читателското внимание. Крими-романите ги изразуваат нашите потсвесни, длабоко индивидуализирани стравови, настанати во реални околности од модерниот живот.