Пепи Стамков
Пепи Стамков (Скопје, 1999) е поет, есеист и книжевен критичар. Дипломирал во 2023 година, на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Неговите песни се објавени во антологиите „Ново раѓање на зборот“ (2023) и „Техна и епистема“ (2026), во стихозбирките „Метрички карван“, во електронските списанија „Репер“ и „Елементи“, во списанијата „Книжевни елементи“ и „Современост“ (каде, покрај песните, се објавени и дел од неговите есеи). Неговата поезија е препеана на англиски и на романски јазик. Коорганизатор е на второто издание на фестивалот „Коронијалс“. Добитник е на наградата „Блаже Конески“ во 2021 година, како и на наградата „Антев златник“ за необјавен поетски ракопис што ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски“ – Антево перо во 2024 година. „Собрани остатоци од светот“ е неговата прва стихозбирка.
