![Ојдур Ава Олафсдотир](https://reper.net.mk/wp-content/uploads/2018/04/AUDURAVA14-copy.jpg)
Ојдур Ава Олафсдотир
Ојдур Ава Олафсдотир (1958) е исландска писателка. Студирала историја на уметноста на Сорбона. Работи како универзитетски професор во оваа област. Била кураторка на голем број изложби, меѓу кои и на венециското Биенале. Авторка е на пет романи, поетска книга и на четири драми. Нејзиниот стил го одликуваат свеж поглед на нештата и црн, прониклив хумор. Објавена е од 28 издавачки куќи низ светот. Добитничка е на највисоките книжевни награди на Исланд.