
Мирослав Трајковски
Мирослав Трајковски - Мики е роден 1994 година во Скопје. Во родниот град го завршува своето образование и високите студии по Агроекономија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Љубовта кон убавиот пишан збор и литературата ја негува уште од рана возраст, пишувајќи песни и кратки раскази. Од 2014 година па наваму учествува на различни поетски и литературни манифестации и за првпат го презентира своето творење, кадешто се здобива со многу различни награди и признанија. Гостува на повеќе радио програми, а во 2019 година станува и првиот добитник македонец на втората награда за најубави песни на Меѓународниот Славјански Фестивал во Харков, Украина. Досега има издадено повеќе свои текстови и материјали во антологиска верзија со група автори. Книгата „Белези" - песни и писма е неговото прво самостојно дело. Поезијата и есеите на Трајковски честопати се инспирирани од љубовта како универзална сила, на која авторот меѓудругото ѝ оддава највозвишена важност.