Ана Пејчинова е номинирана за наградата „Драги“ – 2026, со препевот од англиски јазик на „Избрани песни“ од Радјард Киплинг, издание на „Полица“, 2024 година.
Што друго значи тоа што те љубев освен примирје / на копнежот по бидување? / Што друго е освен болка тоа што знам дека / отаде вратата – разоружана – го чекаш / повикот на отсуството?
Те гледам / во мекиот одблесок. Не знам дали / те познавам; знам дека / никогаш не сум бил / разделен од тебе како што сум сега во ова задоцнето / враќање.
Има и такви што ќе сетат расцеп в умот / зашто е тегобно кога гордото море, кревките врзопи, / ѕунењето на возилата, расудувањето на луѓето, / сѐ, сѐ, сѐ ни говори за исчезнатите ствари / што никој повеќе не ги чека.
Кога какаш не си свесен за миризбата во тоалетот / но доколку излезеш и повторно влезеш – „те удара јако“. / Истото се случува и кога ќе се вратиш во Марседонија.