Кога небото ќе се насели во нашите лица

Го претставуваме ликовниот уметник Ване Костуранов преку избор од неговите најнови слики кои, под насловот „Небо во лицата“, пред еден месец беа изложени во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Пред речиси еден месец во галеријата на скопскиот Младински културен центар беше отворена изложбата на Ване Костуранов, ликовен уметник, илустратор и дизајнер чиишто дела се едни од најбараните во земјава… Изложбата насловена „Небо во лицата“ беше негова четврта самостојна изложба пред скопската публика. Оние кои поради одредени причини не можеа да ја посетат, можат да  погледнат избор од сликите во нашата галерија.

Ване Костуранов е роден 1979 година во Струмица, каде што живее и работи. Љубовта кон сликарството му се роди уште пред да ја научи азбуката. На 19 години си гради атеље во дворот од неговата куќа и целосно му се посветува на неговото сликарство. После неколку години од вратата на атељето почнаа да излегуваат луѓе, животни, куќички…

Напишано од
More from РЕПЕР
Камен од Розета
Терминот Камен од Розета се употребува во контекст што значи расчекор кон...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *