![Лука Бекавац](https://reper.net.mk/wp-content/uploads/2017/06/Croatia-Luka-Bekavac_no-copyright-240x180.jpg)
Лука Бекавац
Лука Бекавац (роден 1976) е хрватски писател. Дипломирал компаративна книжевност со философија во Загреб. По докторирањето, почнал да предава на истата катедра. Преведувал и пишувал статии на теми од областа на философијата, книжевната теорија, музиката и литературата за голем број списанија и радиопрограми. Бил уредник на списанието „Кворум“.