![Марија Марковска](https://reper.net.mk/wp-content/uploads/2021/02/154373445_827555344641758_1287678113314788146_n.jpg)
Марија Марковска
Марија Марковска е родена на 04.05.1996 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ во Скопје. Учествувала во литературни конкурси за што сведочат бројните пофалници, a во електронски формат е објавена нејзината прва стихозбирка ,,Барајќи се себе си“. Пешак што го бара преминот од уметничкото во бестелесното, помеѓу она земното и универзумот – пишувач на неразбирлива поезија.