Тони Попов
Тони Попов е уметник кој твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Автор е на две збирки поезија: „Моето парче небо” (2008) и „Светот е жеден за збор” (2015). Негови песни и раскази се објавени во списанијата „Разгледи”, „Современост”, „Мантис” и др. Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Автор е на осум самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Неговите слики досега се продадени во 18 земји во светот. Во 2014 година, продуцентската куќа “Moments” од Шарлот, САД, сними краток документарен филм за неговата работа. Од 2016 година, Тони минува по неколку недели во Норвешка каде што соработува со неколку уметници и уметнички галерии. Покрај сликањето, во Норвешка одржува сликарски работилници за деца и возрасни. Во 2018 година, издавачката куќа „Метаноја” од Скопје, објави книга од неговиот проект „100 дена мини уметност”. Во јули 2020 година, во Охрид, Тони ја започна Летната сликарска школа „Пробај уметност”, на која досега учествуваа повеќе од 100 деца. Член е на ДЛУБ од 2021 година. Од 2022 година е член на Норвешката Асоцијација на независни сликари. Роден е 1975 година во Скопје. Живее во Охрид со сопругата и трите деца.