Иван Николов
Иван Николов (2002, Битола) е дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство на ФИНКИ при УКИМ. Неговите интереси се мешани, вклучувајќи ја науката и уметноста, што кулминирало во неговата дипломска работа ,,За способносите на големите јазични модели за детекција на стилови и генерирање на стихови на македонска поезија“. Негови песни, раскази и колумни се објавувани во ,,Култура Бета“, ,,Спознавање“, ,,Радио МОФ". Има настапувано на повеќе поетски читања и е дел од редот поети во антологијата на млада македонска поезија ,,Ново раѓање на зборот“.
