![Даина Ополскаите](https://reper.net.mk/wp-content/uploads/2022/07/Даина-Ополскаите-фото.jpg)
Даина Ополскаите
Даина Ополскаите (1979) е литванска писателка. Родена е во Вилкавишкис, југозападна Литванија. Дипломирала литвански јазик и книжевност и моментално работи како наставник во средно училиште во родниот град. Уште за својата прва книга ја добила наградата на Литванското друштво на писатели. Даина е позната како авторка на наградувани книги за млади. Присутна е и во медиумите, каде што објавува кратки раскази, рецензии и есеи.