Една случајна приказна

Е-неделникот Репер беше дел од една случајна приказна за кукли што се разлеваше во Старата скопска чаршија.

SDC15209

Додека го чекавме (грнчарот) мајстор Стојан од с. Вранештица во дуќанот Ориентал арт, во Старата скопска чаршија, на вратата се појави една жена.

Жената започна разговор со продавачот со име Ирфан. Продавачот ѝ кимаше со главата додека таа од една торба почна да вади кукли. Разговорот беше за куклите што требаше да се изложат во дуќанот.

Овие кукли не беа случајно донесени во овој дуќан.

SDC15181

Жената со име Даниела рачно изработуваше облека за куклите. Таа облека наликуваше на традиционалните носии. Даниела го негува фолклорот, а тоа може најдобро да се види преку нејзината изработка на облеката за кукли. Носиите – а секоја од нив е одраз на различна култура – ѝ се модел на Даниела при изработка на облеката за куклите. На еден креативен и мошне магичен начин се изработуваат овие минимализирани носии. Интересот и љубовта кон фолклорот Даниела ги наследува од баба си, која, воедно, на некој начин ѝ била и учител. А денес самата таа е учител на својата ќерка. Така, тој ден Репер беше дел од една случајна приказна за кукли што се разлеваше во Старата скопска чаршија.

SDC15187

SDC15188

SDC15184

SDC15186

SDC15189

Напишано од
More from РЕПЕР
Чекори во соништата
Во креативниот свет на Ана Андроска.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *