Што ќе се случи кога тема за инспирација е патец на коса?
Книгата „Види кој се врати“ од Тимур Вермеш, позната како книгата за Хитлер, ги разгоре страстите. Дефинитивно. Исто како што ги насмеа и скептиците, а ги растревожи и најголемите оптимисти. Во што е тајната?
Горчливо-комичната сатира со Хитлер е меѓу топ-насловите според интригантната тема.
Но, една книга не е само напишаното. Многу често и куп други нешта се важни.
Годинава, на 25. издание на маркетот за книги „Бухмаркт“, издавачката куќа „Ајхборн“ за книгата „Види кој се врати“ освои три награди.
Злато доби во категоријата насловна страница.
Сребро за маркетиншка кампања.
Едно злато и две сребра на контото на големиот диктатор, кој стана големиот провокатор.
Корицата на г. Јоханес Вибел доби голем број интерпретации, а романот стана инспирација за многу нови креации.
Донесуваме само мал дел од инвентивните решенија.
Македонскиот Хитлер има и своја страница на „Фејсбук“