Во четвртокот, 27 февруари 2014 година, во 19 часот, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица беше отворена изложбата на фотографии од конкурсот за карневалска фотографија „Карневалски слики 2013“, во организација на здружението „Евро-визија“ од Струмица.
На конкурсот учествуваа дваесетина фотографи од цела Македонија, а пристигнаа преку 150 фотографии, од кои на изложбата беа презентирани педесет.
Љубителите на фотографијата во Струмица имаа можност да уживаат во убавата, егзотична, еуфорична фотографија, а со тоа и да ја проследат петтата по ред изложба на фотографии со која официјално започнаа познатите Струмички карневалски денови!