Исак Барух

(Од необјавениот прозен ракопис „Арагон“)
Денес, Хамиде мајката на Моис, ни донесе малку храна. Ни донесе и вести.  Живи се и Жамила и Стела Шами…

Од романот „Синовите на Адам“ (Восток, 2022)

Можеби немам ништо свое на светот, ама мене сосема малку ми е потребно за да бидам среќен. Како растение на кое сѐ што е премногу ќе му наштети, и премногу сонце, и премногу вода, мене ми е потребно сосема малку, само малку љубов, една топла прегратка, и малку разбирање од воспитувачот, дека ова што го правам и не е толкав грев како што му се прикажува нему во неговиот свет.