Славица Гаџова Свидерска
Славица Гаџова Свидерска (1984 – 2025) е истакната македонска поетеса, есеистка, книжевна преведувачка и доктор по филолошки науки. Работела како лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Факултетот за странски јазици во Тирана, Албанија. Повеќе од една деценија беше главен уредник на издавачката куќа „Восток“. Зад себе остави богат книжевен и поетски опус кој ги вклучува збирките „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016) и „Политики на стравот“ (2021). „Мистичен си, свету!“ (2025), како и постхумно објавената книга „Обични луѓе“ во (2026) година. Нејзината научна дејност е забележана преку монографиите „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013) и „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и есеите „За смислата и за апсурдот“ (2017)., анализи за комплексните релации меѓу книжевноста, политичкото насилство и дискурсите на моќта, со фокус на вли-јанието на идеологијата и репресивните системи. Славица Гаџова Свидерска беше редовен учесник на реномирани книжевни манифестации во Макеоднија и во странство. За своето творештво ги добила престижните награди „Енхалон“ (2012), наградата „Караманов“ (2016), меѓународната награда „Лирата на Орфеј“ во Бугарија (2019) и признанието „Македонска книжевна авангарда“ (2022). Од словачки јазик превела десетици романи, поетски збирки и раскази, а исто така и од шпански јазик. Нејзините поетски дела, и есеите се преведени на повеќе од десет светски јазици, меѓу кои англиски, кинески, арапски, шпански, португалски, италијански, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.
