• Насловна
  • Репер е…
  • Антолог
    • За нас
    • Тим
    • Едиции
    • Основач
  • Архива
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
reper.net.mk - СКОПЈЕ, ГОДИНА XVIII, БРОЈ БРОЈ 187 - 188, ЈУЛИ - АВГУСТ, 2026 СКОПЈЕ, ГОДИНА XVIII, БРОЈ БРОЈ 187 – 188, ЈУЛИ – АВГУСТ, 2026
  • Поезија
  • Расказ
  • Есеј
  • Kнига на месецот
Никола Ѓелинчески

Никола Ѓелинчески

Никола Ѓелинчески е наставник и преведувач роден во 1988 година во Струга. Во 2011 година дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, со дополнителен модул по шпански јазик и книжевност. Во 2014 година ја добил третата награда на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ организиран од Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија и Делегацијата на Европската Унија за превод од англиски на македонски јазик на извадоци од „Танц со змејови“ од Џорџ. Р.Р. Мартин. Следната година на истиот конкурс добил посебно признание за креативност во превод за одломка од романот „Шиноморје“ од Чајна Том Мјевил. Во 2023 година, на првото издание од конкурсот за наградата „Драги“ му било доделено специјално признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски. Признанието му било доделено за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на „Алеф публикации“. Активен член е на ЗПРМ и редовно учествува на конференциите и настаните организирани од здружението кои се стремат да ја збогатат меѓујазичната и меѓукултурната комуникација во земјата. Бил координатор на работната група за книжевен превод. Од 2020 до 2023 година бил претседател на организациониот одбор на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ чија цел е да се поддржат младите културни дејци и афирмација на преведувачката професија воопшто. Како преведувач од англиски и шпански на македонски јазик и обратно, уредил бројни изданија и извршил лектура и јазична редакција на дела од неговите јазични комбинации. Покрај објавените дела, негови преводи на домашни и странски автори се застапени и во бројни списанија и дигитални платформи.

Поезија, Препев09/10/2026<09/10/2026

Избор поезија од „Неред“ – Питер Мекеј

Никола Ѓелинчески е номиниран за наградата „Драги“ – 2026, за препевот од англиски јазик на „Неред“ од Питер Мекеј, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година

Повеќе
Ad

Поддржано од:

Ad
© Antolog 2008 / Сите права се задржани
Горе
  • Поезија
  • Расказ
  • Есеј
  • Kнига на месецот
  • Насловна
  • Репер е…
  • Антолог
    • За нас
    • Тим
    • Едиции
    • Основач
  • Архива
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт