МКЦ

Сите бевме панкери во душа. Да се истепаме за нашето, да правиме неред и бука зашто така ни одговара, да не почитуваме ништо што не сакаме, а тоа што го сакаме да го браниме до крв пуштање.

Последните 10 години од XX век

ОБСЕ остана неостварена желба, со слики испроектирани во главава од мене по терен како преведувам од кој јазик сакаш: македонски, српски, хрватски, англиски, а за бугарски и словенечки ќе се снајдам. Ништо. Ќе сум погинела од случаен куршум или ќе си оделе по кризата и ќе сум останела без работа. А бе уште се тука. Друг век фати. И кола ќе купев и стан и викендичка на море веќе. Кај прекинува криза тука, глупави. Глупави.

Аурора Бореалис

Човекот еволуирал до тој степен / може да избрише цело едно годишно време. / Замисли си ти… Мисли си… Дека еволуирал човекот…

Флешбек

Не сум била во Бугарија, ниту пак сакам да одам таму. Еднаш на поминување бев во Софија, ама тоа на кратко, да утепам време додека чекам трансфер-авион за Прага.

Преведувачката

Ништо не работеше, само пишуваше и читаше нешто. Така викаа другите. Таа само чита или само пишува нешто. Преведувачката.

Утринско кафе

Преведувачкото столче си се пресели кај мене дома. Не го викав, самото си дојде. Судбина е тоа. Јазикот ми е судбина. Цел живот си работам со јазикот. Леб ми дава. Си го сакам и тој ме сака. И не можеме еден без друг.