Александар Кујунџиски
Писател за деца и возрасни, хуморист и сатиричар. Роден е во Пехчево на 1 октомври 1946 година. Основно образование стекнал во училиштето „Ванчо Китанов“ во родното место, гимназија во Берово и во Куманово, а Филозофски факултет во Скопје. Живеел во Пехчево, Штип, Берово, Куманово и во Скопје, а до сопственото човечко и творечко осамостојување работел како хуморист во Радио Скопје, како новинар во Редакцијата за емисии за деца и како уредник на списанието „Ловец“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1987 година. Од 1990 г. па сè до остварувањето на правото на старосна пензија на 1 октомври 2010 г. е самостоен уметник-писател. Македонски писател со најмногу „стаж“ како самостоен уметник. Со неговото име е поврзан рекордот по број на книги издадени во текот на една календарска година. Дури 17 наслови во 1994 година! Во 1999-та го основа книгоиздателството Антолог.Посветувајќи се исклучително на литературното творештво и создавајќи дела од сите литературни родови и видови, за сите возрасти сегашни, идни и бивши читатели, Александар Кујунџиски досега објавил 115 книги: