Ана Петровска
Ана Петровска е родена на 30. 06.1986 во Скопје. Дипломирала на Катедрата по философија во Скопје во 2010. Го продолжува образованието во 2011 година, запишувајќи се на постдипломски студии по философија. Каде магистрира на тема „Стадиумите на развој на личноста во философијата на Сорен Киркегор“. Поезијата отсекогаш била начин да се опише себеси, но и најблизок начин на изразување. Во 2012 година, нејзина поезија била застапена во „Антологијата на младата авангардна поезија“, која била издадена од издавачката куќа Феникс. Била учесник на проектот „Илјада поети за промена“. Поезијата ја сметам за начин на живот, здив, вечна инспирација. Главна инспирација ѝ се француските поети Шарл Бодлер и Артур Рембо, а од македонските особено им се восхитува на творешвата на Радован Павловски, Ацо Шопов и Петре М. Андреевски.