• Насловна
  • Репер е…
  • Антолог
    • За нас
    • Тим
    • Едиции
    • Основач
  • Архива
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
reper.net.mk - СКОПЈЕ, ГОДИНА XIX, БРОЈ 181 – 182, ЈАНУАРИ – ФЕВРУАРИ 2026 СКОПЈЕ, ГОДИНА XIX, БРОЈ 181 – 182, ЈАНУАРИ – ФЕВРУАРИ 2026
  • Kнига на месецот
  • Книжевност
  • Расказ
  • Филм
Ана Стојаноска

Ана Стојаноска

Ана Стојаноска (1977 г., Прилеп) е театролог, писателка, редовна професорка на ФДУ – Скопје (предава на сите три степени, група предмети поврзани со теоријата и историјата на македонската и светската драма и театар). Раководителка е на третиот циклус докторски студии на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Од 2023 година, таа е уметнички директор и претседателка на собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007). Работела како координатор во Институтот за театрологија при ФДУ (2001 – 2011). Активно се занимава со истражување и проучување на драмата и театарот. Специјализирала театарска музеологија. Авторка е на: „Неколку тишини подоцна“ (роман, Полица, 2025), Македонска драма и театар: современи рефлексии (театролошки студии, УКИМ, 2023) Чашуле: приказнувачот (монографија, 2023); Ние (роман, избран во првите три на конкурсот за необјавен роман „Пегаз“, „Арс Ламина“, 2022); Лебед (роман, „Полица“, 2021); Трогледало (драма, 2020, објавена во изборот на ЕУРОДРАМ: Нова македонска драма); Потпис: Трепетлика (збирка поезија, „Три“, 2020, за која ја доби наградата „Антево перо“ за 2020 г.); Јас и Лин, отпосле (роман, „Блесок“, 2016, за која ја доби наградата „Рациново признание“, 2017, и финалист за „Роман на годината“ и 302 Ана Стојаноска второ издание, „Култура“, 2019); Дијалози во еднина („Култура“, 2019); Театар – предизвик: Студии и есеи (УКИМ, 2018); Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (монографија, ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (монографија, ФДУ, 2006). Приредувачка е на: Драми од Дејан Дуковски („Проартс“, 2002) и Современа македонска драма („Микена“, 2008). Нејзината монодрама Стаклен лампион е праизведена во продукција на „Театра“ – Скопје во 2013 година. Авторка е на стотина студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и соавтор на неколку театарски монографии. Пишува и театарска критика. Нејзина поезија и проза е објавувана во повеќе различни медиуми (електронски и пишани, на неколку јазици). Во 2019 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија. Членува во повеќе здруженија и организации фокусирани на истражување на книжевноста и театарот. За музичкиот албум Крик и прашина (2019) ги напишала текстовите заедно со авторот Сашко Костов. Нејзина поезија е објавувана во повеќе меѓународни списанија. Пишува постојано не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), па токму затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови.

Книжевност04/03/2026<04/03/2026

Неколку тишини подоцна

Успеа да најде рибарско бротче и да се договори да го донесе дома. На крајот, тишината ги голта сите звуци во себе.

Повеќе
Ad

Поддржано од:

Ad
© Antolog 2008 / Сите права се задржани
Горе
  • Kнига на месецот
  • Книжевност
  • Расказ
  • Филм
  • Насловна
  • Репер е…
  • Антолог
    • За нас
    • Тим
    • Едиции
    • Основач
  • Архива
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт