Андреј Анѓеловиќ
Андреј Анѓеловиќ страстен франкофон роден на 10.2.2003 година, во Куманово и студент на Архитектонски факултет – Скопје при УКИМ. Добитник е на наградата „Млада Струга“ за својот дебитантски поетски ракопис „Чергар“ којашто ја доделува Струшки вечери на поезија. Бил дел од повеќе поетски читања: Добри гости, Скопје СИ ТИ, Поетска епизода, Клинци, Ре-култура, Струшки вечери на поезија, Отскочна даска и воедно при отворањето на 4. Скопски поетски фестивал.
