Ангелина Бановиќ-Марковска
Ангелина Бановиќ-Марковска (10 октомври 1966) – есеист, книжевен теоретичар и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предава група предмети од областите наука за книжевноста и културологија, на сите студиски циклуси. Покрај редовниот ангажман на матичниот факултет, од 2012 до 2014 година била и визитинг професор на Универзитетските интердисциплинарни докторски студии по културологија и општествено-хуманистички науки на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, Република Хрватска, а од 2008 до 2010 година предавала и на магистерските Интердисциплинарни културолошки студии во книжевноста, на Институтот за македонска литература во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Автор/коавтор е на 10 книги и 2 антологии. Ги издвојуваме: Интерпретативни стратегии: теориско-критички есеи (1999); Ликови-антагонисти (2001); Хипертекстуални дијалози: интертекстуалноста и јужнословенскиот литературен 20 век (2004); Групен портрет: културолошки и литературно-теориски есеи (2007); Политика. Култура. Идентитет: интеркултурен дијалог (Скопје, 2012, во коавторство со Златко Крамариќ); Politika, kultura, identitet: interkulturalni dijalog (Zagreb, 2013; u koautorstvu sa Zlatkom Kramarićem); Дискурс и екскурс: за книжевноста и културата (2017); И повторно политика, култура, идентитет: интеркултурен дијалог 2 (Скопје, 2024, во коавторство со Златко Крамариќ).