Борис Тасков
Борис Тасков е роден во 1982 година во Скопје. Во 2008 година заминува во Тајван, каде во 2014 година дипломира на Факултетот по меѓународна трговија при унверзитетот Су-Чоу. Од 2014 година работи како менаџер на проекти во програмерска компанија, при што слободното време и искуството добиено при работа со поединци од различни култури и професии, ги користи да се запознае со психолошките феномени и појави што се случуваат во работните услови и секојдневниот живот. Со цел да добие подобро знаење, студиозно чита и работи на дела од познати психијатри и психоаналитичари какo С. Фројд, К.Г. Јунг, Ж. Лакан, и модерни и класични филозофи како Славој Жижек и Хегел. Насобраното знање надополнето со љубов кон пишаниот збор и филмската уметност му овозможуваат да ги анализира класичните и модерните играни и сериски филмови преку призмата на психоаналитиката. Сето тоа, збогатено со секојдневните настани од неговата блиска околина и светот му даваат инспирација за критички есеи и кратки раскази.