Боро Мокров
Боро Мокров (Велес 13.XII 1917 – Скопје 30.IV.2005) првник, публицист и прв доктор на науки по новинарство во Македонија. Активист на СКОЈ и член на КПЈ од (1939). Поради пројавените активности во КП и СКОЈ бил испратен во логорот Меѓуречје – Ивањица Србија. По окупацијата работел на формирање ќелии на КП во Азот, Велешко, и во подготовките на партизанска база. Во 1942 бил секретар на СКОЈ, од декември 1942 до крајот на 1943 бил во затвор, а потоа во интернација. По враќањето од интернација во 1944 г. станал политички комесар на одредот „Трајче Петкановски“ и на Осмата велешка бригада. Се занимавал со историјата на печатот и на новинарството во Македонија. Автор е на повеќе статии и монографии како: „Развојот на македонскиот печат и новинарство“, „Збор, печат, време“, „Весникот Македонија на Коста С. Шахов“ и многу други.