Чан Хај Чинг
Чан Хај Чинг емигрирала во Хонг Конг, каде што завршила средно образование, а подоцна и додипломски студии по кинески јазик и литература на Универзитетот Лингнан. Досега има објавено две збирки кратки раскази и повеќе есеи во литературните списанија во Хонг Конг. Таа сака да планинари и да готви, ужива во времето поминато сама и верува дека љубовта секогаш победува. Чинг во своето творештво користи различни дијалекти, поради што е тешко да се каже на кој јазик пишува, и кој е нејзиниот идентитет. Кусиот расказ „Шангај По По“ е првпат објавен во февруари 2015 година, во ХК Магазин