Дан Коман
Дан Коман е роден во 1975 година, во Герса, Бистрица, Романија. Дебитирал во 2003 г. со поетската збирка „Година на жолтиот крт“, за која ги добил наградата за најдобра дебитантска поетска книга „Михај Еминеску“ и наградата за најдобра дебитанска поетска книга на Друштвото на писателите на Романија. Објавил повеќе поетски збирки, а последната, „Инсектариумот Коман“ (2017) од која се и препеаните песни, во јануари 2018 г. ја доби романската награда „Поетска книга на годината“. Дан Коман важи за еден од најдобрите романски поети од т.н. нов поетски бран „пост-2000“. Објавил и три романи. Учествувал на повеќе меѓународни книжевни средби.