Даниел Галера
Даниел Галера е бразилски писател, преведувач и издавач. Роден во Сао Паоло во 1979 година. Поголемиот дел од животот го минал на југот на Бразил, во Пуерто Алегре, но во 2005 година се вратил во Сао Паоло. Критиката го смета како еден од најдобрите млади писатели на неговата генерација. На дваесет годишна возраст почнал да објавува текстови на интернет. Во 2001 година заедно со двајца пријатели ја основал издавачката куќа „Ливрос до мал“, во која ја објавил првата книга, „Зачувани заби“. Има објавено пет романи: „Сè до денот кога загина песот“, 2003, по кој во 2007 е снимен филм; „Коњски раце“, 2006; „Планински венец“, 2008, награда на Националната библиотека на Бразил; „Брада натопена со крв“, 2012, награда за литература на Сао Паоло; и „Дваесет минути по полноќ“, 2016. Романот „Брада натопена со крв“ е преведен на дваесетина јазици.