Душко Гошевски
Душко Гошевски е македонски писател, претставник на новата генерација блог писатели. Своите први раскази Гошевски ги објавил на почетокот на 2006 година, на својот блог и на разни книжевни интернет портали. Подоцна објавил неколу раскази во списанието „Маргина“ на издавачката куќа „Темплум“ и во збирката електролит на најдобри раскази за 2007 година Во 2007 година, со својата збирка раскази под наслов „Писателот Варски и други раскази“, учествувал на конкурсот на издавачката куќа „Темплум“ за најдобра дебитантска проза, при што влегол во најтесниот избор за наградата. Подоцна, оваа збирка била објавена на интернет во електронска форма, под лиценцата на creative commons, како трета електронска книга во Македонија. Збирката раскази побудила голем интерес, така што за една седмица била симната над 2.000 пати. Во 2008 година, книгата „Писателот Варски и други раскази“ била објавена од издавачката куќа „Темплум“, во едицијата „КАТАПУЛТ“. Дел од расказите од оваа збирка се преведени на Хрватски и Руски јазик. Преводите се селекција на млади автори објавени од „Матица“ – Хрватска. „Don’t you FYROM me“ е насловот на Антологијата на македонскиот современ расказ објавена на хрватски јазик во 2009 година, приредена од Ангелина Бановиќ Марковска и Весна Мојсова Чепишевска. Тука се објавени раскази од неколку етаблирани македонски писатели како Венко Андоновски, Милчо Манчевски, Томислав Османли, Ким Мехмети, Румена Бужаровска и други, како и раскази на младите автори Душко Гошевски, Алекс Букарски и Ирена Цветковиќ.
Повторно најдена генерација или што е заедничко за Били тхе Кид, Цвајг и Тито
Повторно најдена генерација е нешто сосема поинакво. Тоа е достигање или барем приближување до зенитот на една духовна, општествена и социјална рамнотежа. Тоа е достигање на егзистенцијален, духовен и морален врв ,или барем обид за освојување на тој врв, кој овозможува широка лепеза на битисување на една цела заедница преку посветена преданост на одредени идеали.
#1 За изгубената генерација (или тешките времиња раѓаат силни луѓе)
Всушност во најголем дел се работи за потаен превез на љубомора, на едноставна и донекаде симпатична жал за младоста, додека следните генерации ги шират аглите на непознатото и новото. Но да не задираме во психолошки и фројдовски интерпетации, еден извадок сепак може да послужи како доказ за мувлосаноста на дискурсот.