Елена Димитровска
Елена Димитровска (1986, Скопје) дипломира на Катедрата по општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работела во културната редакција на неколку медиуми – магазинот „Форум“, дневниот весник „Време“ и порталот „Карма Каша“. Моментално е постдипломец на Филозофскиот факултет во Загреб на студиите по книжевност, изведбени уметности, филм и култура, каде што ја подготвува докторската теза „Градот како одредница на идентитетот во европскиот филм по 1970-та. Примери од Југоисточна Европа“.