Елена Конеска Светиева
Елена Конеска Светиева е родена на 9 мај 1980 година во Прилеп. Основно и средно образование завршува во родниот град, а студиите по германски јазик и книжевност ги завршува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2002 година. Во 2009 година магистрира на истиот факултет со трудот на тема „Интерпретација на телото и телесното во романите на Елфриде Јелинек“. Како постдипломец престојува на краток студиски престој на универзитетот „Карлс Рупрехт“ во Хајделберг, СР Германија. Од германски на македонски јазик ги превела следните дела: „Приказната за Вилхелм Тел“, „Види кој се врати“, „Зарем плачеше?“ и „Добриот љубовник“. Романот „Еднаш одигравме љубов“ е нејзиното дебитантско книжевно дело.