Фернандо Песоа
Фернандо Песоа (1888 - 1935) е португалски писател, филозоф и книжевен критичар. Песоа се смета за еден од најголемите поети кои твореле на португалски јазик. Исто така, тој пишувал и кратки раскази, драми, детективски романи, а се бавел и со политичка и книжевни критика. Тој бил водечки лик на авангардното книжевно списание „Орфеј“, а неговите дела се сметаат за почеток на португалскиот книжевен модернизам. За Песоа е карактеристично тоа што во текот на кариерата користел различни книжевни имиња како: Алберто Каиру, Рикардо Реиш, Алваро де Кампуш итн. За негово ремек-дело се смета „Книга на немирот“ од 1928 година. Песоа имал големи познавања во областа на окултизмот, спиритизмот и астрологијата.