Фредрик Бакман
Фредрик Бакман (1981) е шведски писател, блогер и колумнист. Неговите книги се продадени во милионски тиражи низ целиот свет, со што станал еден од најпопуларните писатели за сите генерации читатели. Пишува романи проткаени со оригинален хумор и со искрена човечка трогателност. Преведен е во повеќе од четириесет држави. Живее и работи во Стокхолм, со својата сопруга и со двете деца.
Вознемирени луѓе
Едно утро, на пример, еден триесет и деветгодишник излегол од дома со пиштол во раката, а тоа, согледано вака отпосле, беше навистина потполно идиотски. Оти ова е, значи, приказна за заложничка драма, но смислата не беше во тоа. Или, што ќе рече, смислата беше тоа да биде приказна, но не беше со намера тоа да биде заложничка драма. Смислата беше тоа да биде грабеж на банка. Но се случи сето тоа да отиде поѓаволите, оти понекогаш така испаѓа со грабежите на банки.
