КЛУБ НА ОБОЖАВАТЕЛИ – Горан Трибусон

На почетокот Вишна беше несвојствен плен, женска од сништата за која сонуваат најдобрите. Кога поминуваше низ градскиот базен, вистинските фраери знаеја да превидат четири деветки или да ја извадат погрешната карта. А потоа се вљуби во идиот, во некој гимназиски ум Фурач, се изеба со него на некој од оние разочарувачки начини, го остави поради друг дебил…

Историја на порнографијата

Мирно, како да станува збор за ситна тривијалност, ја поставив неговата позната Историја на порнографијата на орманчето за чевли и реков дека сигурно ќе му пишам за тоа што мислам за ракописот, на што тој одмавна со раката и рече дека тоа е непотребно. Ми го остава ракописот едноставно зашто мора да ми остави нешто.