Хана Коларжикова
Хана Коларжикова (1971) е современа чешка писателка. Дипломирала историја и музеологија и петнаесет години живеела во Прага, работејќи во разни сфери на културната и туристичката индустрија. Нејзините познавања од областа на археологијата, туризмот, дизајнот, фотографијата се рефлектираат и во нејзините книжевни дела. Дебитирала во 2011 година. Пишува проза што е израз на суптилна женска чувствителност на светот.