Хо Ву Јин Чинг
Хо Ву Јин Чинг е родена во Гуангжоу, а образованието го завршила во Хонг Конг. Завршила магистерски студии по кинеска литература на Универзитетот во Хонг Конг. Пред да замине во пензија работела како вонреден професор на Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг, каде што предавала Современо кинеско творештво. Пишува поезија, проза, и литература за деца, а има преведено и неколку религиозни текстови. Краткиот расказ „Икра од морски ракчиња“ е дел од истоимената збирка раскази објавена во септември 2012 година. Истата година, збирката ја добива наградата за Најдобра прозна книга во Хонг Конг, која се доделува на секои две години.