Зоолатријата кај Старите Словени
Покрај религиозните и митолошките претстави на животните, кои не се присутни само кај Старите Словени, зоолатријата е присутна и во книжевната уметност. Од суштинска важност е овде да се напоменат басните, кои честопати потекнуваат од легенди и од преданија за некое митолошко животно, додека, пак, многубројни се и литературните примери каде оддавањето почит кон животните, или, пак, нивно прикажување како симбол на одредена идеја, не е воопшто, или, пак, не е директно поврзано со религиозните слики.